Burç Eruygur
21 Декември 2022•Ажурирај: 22 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Сирени за воздушен напад се огласија низ цела Украина, како и во главниот град Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти го повикаа населението да оди во засолништата поради потенцијалните закани од руски напади.
Сирените не се огласија во регионот на Крим, кој е анектиран од Русија во 2014 година.
Предупредувањата за воздушни напади се издадени додека украинскиот претседател Владимир Зеленски е на пат за Вашингтон, каде што ќе се состане со американскиот претседател Џо Бајден, во неговата прва посета во странство по нападот од Русија на 24 ноември.
Русија започна речиси секојдневни воздушни напади, особено врз цивилната и енергетската инфраструктура, по нападот на 8 октомври на мостот „Керч“, кој ја поврзува Русија со полуостровот Крим.