Adam Abu-bashal
11 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
АБУЏА
Нигерија, земја која е богата со нафта и има најголема економија во Африка, ќе земе заем од 1,76 милијарди долари за борба против зголемените безбедносни проблеми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заинаб Ахмед, министер за финансии, буџет и национално планирање, истакна дека Нигерија ќе земе заем од 1,76 милијарди долари од домашните пазари за да ја финансира борбата против безбедносните проблеми во земјата.
Ахмед рече дека Владата го одобрила заемот.
Нигерискиот шеф за професионална безбедност, Кабиру Адаму, во изјавата за дописникот на Агенција Анадолија нагласи дека безбедносните сили во земјата немаат доволно опрема за борба против терористичката организација Боко Харам и нејзините вооружени членови.
Подвлекувајќи дека заемот дошол навреме, имајќи го предвид зголеменото насилство во земјата во последно време, Адаму рече: „Се надевам дека овој заем ќе обезбеди опрема за борба против тероризмот и ќе им помогне на безбедносните сили.“