Gökhan Kavak
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АБУЏА (АА) - Во операции во североисточниот дел на Нигерија се убиени 107 припадници на Боко Харам, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во последните операции против организацијата Боко Харам се убиени 107 нејзини милитанти. Припадниците на Боко Харам ги оставија својата храна, возила и говеда и избегаа пред операциите кои ги водиме со цел чистење на регионот од припадниците на оваа организација“ соопшти портпаролот на нигериската војска, генерал Сани Осман.
Осман рече дека четири лица загинаа од кои еден цивил и три војници во операциите во подрачјата околу езерото Чад.
Во рамките на операциите спроведени од страна на војската во североисточниот дел на Нигерија, се предале најмалку илјада припадници на Боко Харам, додека спасени се стотици цивили.
Оваа терористичка организација своите активности ги започна во првите години по 2000, а од 2009 започна да спроведува акции на масовно насилство, откако нивниот лидер Мухаммед Јусуф почина во притвор. Поради судирите и нападите на терористичката организација стотици илјади лица се принудени да мигрираат.