Zeynep Tüfekçi
10 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
ДОХА (АА) - Катарската медиумска куќа „Al Jazeera“ (Ал Џезира) го осуди принудното затворање на нејзината канцеларија во Таиз, во јужниот дел на Јемен, и побара од властите промена на одлуката, јавува Anadolu Agency (AA).
Војниците наредија затворање на канцеларијата и не ги објаснија причините за затворањето, а медиумската куќа овој чин го смета за неоправдан.
Во соопштението, Al Jazeera ги повикува властите да ја поништат одлуката и побара, на новинарите кои работат професионално и објективно да им биде дозволено да ги извршуваат своите должности, без никакви ограничувања или вознемирувања.
Од Советот за безбедност на Таиз наведуваат дека во вторникот на вонредниот состанок ги разгледале негативните ефекти од некои медиумски куќи.
Советот за безбедност соопшти дека меѓу тие медиумски куќи се наоѓа и Al Jazeera. Според нивните наводи, канцеларијата на Al Jazeera е затворена поради емитувања кои негативно влијаеле на војната на националната и легитимна војска против Хусите, а која има за цел враќање на легитимитетот во оваа земја.
Во Јемен веќе подолг период владее политичка нестабилност и судири меѓу движењето на Хусите и силите на легитимната власт во Јемен. Движењето на Хусите од септември 2014 година го зазеде главниот град на Јемен, Сана, како и некои околни подрачја.
Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ пружаат поддршка на владата на Јемен во борбата против Хусите.