Ekip
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
ВАРИ (АА) - Нигериската полиција соопшти дека седум лица се убиени откако електричен кабел падна врз насобраната маса народ која го следела фудбалскиот натпревар. Очевидци тврдат дека во настанот веројатно има повеќе од седум загинати лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирина Угбo, портпаролка на полицијата во нигериската држава Крос Ривер, соопшти дека десет лица се во критична состојба откако вчеравечер врз нив паднал електричен кабел од покривот на центарот за следење фудбалски натпревари во Калабар.
Еден жител изјави дека во несреќата загинале најмалку 20 лица, додавајќи дека во моментот кога кабелот паднал, повеќе од 80 лица биле збиени во толпата.
Многумина Нигеријци повеќе сакаат да ги следат телевизиските преноси на фудбалските натпревари во центрите, отколку дома.