Mustafa Deveci
05 Август 2025•Ажурирај: 06 Август 2025
АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно пратил порака до началникот на Генералштабот, Ејал Замир: „Доколку не се согласувате со планот за окупација на целиот Појас Газа, треба да поднесете оставка“, известува Анадолу.
Неименуван функционер од Кабинетот на премиерот Нетанјаху разговарал со весникот „Џерусалим пост“ коментирајќи ги потенцијалните идни чекори на Израел во врска со нападите врз Газа.
Службеникот од Кабинетот на премиерот изјавил дека Нетанјаху одлучил да го окупира целиот Појас Газа.
Изворот истакнал дека во согласност со таквата одлука се планира спроведување копнени напади врз областите за кои се смета дека таму се чуваат заробеници Израелци.
Службеникот истакнал дека Кабинетот на премиерот му пренел порака на началникот на Генералштабот, Замир:
„Доколку не се согласувате со планот за окупација на целиот Појас Газа, треба да поднесете оставка.“
Во вестите објавени во израелските медиуми се вели дека Замир бил против планот за окупација на целиот Појас Газа.