Ayhan Şimşek
24 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
БЕРЛИН (АА) - Неколку лица се повредени во пукање во универзитетски кампус во Хајделберг, југозападна Германија, соопшти денеска полицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вооружениот напаѓач е мртов и не постои понатамошна закана за јавноста“, се вели во соопштението на полицијата.
Инцидентот се случи во Нојенхајмер Фелд, еден од трите кампуси на Универзитетот во Хајделберг, кој вклучува медицинско училиште и факултет за природни науки.