Yusuf Hatip
29 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Во градот Tурбат, во пакистанската провинција Белуџистан, температурата на воздухот вчера изнесуваше 53,5 степени Целзиусови, што е највисока во историјата на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални лица од Метеоролошкиот завод на Пакистан денес соопштија дека е видливо влијанието на климатските промени и дека екстремната топлина во текот на последните неколку години е присутна во целата земја.
Екстремно високи температури на воздухот се забележани во повеќето провинции како Пенџаб, Синд и Белуџистан.
Не е првпат Пакистан да се соочува со температури над 50 степени Целзиусови.
Температурата на воздухот на крајот на мај 2009 година изнесуваше 52 степени Целзиусови.
Пакистанските медиуми објавија дека претходниот рекорд беше 53 степени Целзиусови, соборен во Ларканa, на 31 мај 1998 година.