Zehra Nur Düz
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ИДЛИБ
Руските сили денес во деескалациската зона во Идлиб убија најмалку тројца цивили, се соопштува од сириската група за цивилна одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сириската цивилна група, Бели шлемови соопшти дека тројца се повредени во нападите.
Во повеќе од 20 воздушни напади се погодени две планини и три села во регионот Џабал ал Завија и две други села во северозападната околина на покраината Хама, соопшти Опсерваториумот на сириските опозициски авиони.
Напорите за претрага и спасување се во тек.
Идлиб спаѓа во деескалациската зона, а подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често беа прекршувани од режимот на Асад и неговите сојузници.
Во моментот во Идлиб живеат 4 милиони цивили, меѓу кои се наоѓаат и стотици илјади раселени лица кои во последните години побегнаа од нападите на режимските сили од сите делови на земјата.