Најмалку пет лица загинаа во одрони и громови во Џаму и Кашмир
Поради поплавите и одроните затворени се неколку патишта, со што се нарушени сообраќајот и пристапот до погодените подрачја

СКОПЈЕ (АА) – Обилните врнежи од дожд во регионот Џаму и Кашмир под индиска управа предизвикаа лизгање на земјиштето и удари од гром, при што има големи штети и загинати, јавува Анадолу.
Според официјалните претставници, три лица, од кои две деца, загинале во лизгање на земјиштето во областа Рамбан. По инцидентот над 100 луѓе се евакуирани од безбедносни причини.
Поради поплавите и одроните затворени се неколку патишта, со што се нарушени сообраќајот и пристапот до погодените подрачја.
Властите продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата, а продолжуваат и операциите за спасување и давање помош.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.