Најмалку пет лица загинаа во налетот на тајфунот Калмаеги во Виетнам
Официјални претставници објавија дека 244 домови се целосно уништени, а 17.562 се делумно оштетени. Од тајфунот погодени се околу 2,3 милиони луѓе, а околу 398.000 се засолниле во центри за евакуација.
СКОПЈЕ (АА) - Пет лица загинаа, тројца се водат како исчезнати, а 17 други се повредени откако тајфунот Калмеги се спушти на виетнамско тло, соопштија синоќа властите, пренесува Анадолу.
Официјални претставници објавија дека 244 домови се целосно уништени, а 17.562 се делумно оштетени. Од тајфунот погодени се околу 2,3 милиони луѓе, а околу 398.000 се засолниле во центри за евакуација, според веб-страницата „Виетнам њуз“.
Снимките снимени синоќа покажуваат уништени рибарски бродови покрај брегот во село во заливот Сјуан Даи откако се однесени од бурата, оставајќи многу жители без работа.
Калмаеги е најновата во серијата бури што го погодија Виетнам оваа година, предизвикувајќи големи човечки и материјални загуби. Првичната штета се проценува на 7 билиони виетнамски донгови.
Силните дождови и ветер, исто така, го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во неколку области, при што над 1,6 милиони луѓе доживеаја прекини на електричната енергија.
Тајфунот потона и 21 брод, а 44 други се оштетени од брановите што предизвикаа штета и на посевите и добитокот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
