свет

Најмалку 26 загинати, потрагата по шест исчезнати продолжува откако автобус падна во реката Падма во Бангладеш

Според надлежните, возилото потонало на длабочина од речиси 20 метри

Riyaz Khaliq Khaliq, Sm Najmus Sakib  | 26.03.2026 - Обновена : 26.03.2026
Најмалку 26 загинати, потрагата по шест исчезнати продолжува откако автобус падна во реката Падма во Бангладеш

ДАКА (АА) – Најмалку 26 лица загинаа, а потрагата по уште најмалку шест исчезнати продолжува, откако патнички автобус падна во реката Падма во Бангладеш, соопштија денес противпожарните служби, јавува Анадолу.

Несреќата се случи вчера, кога автобус со околу 40 патници падна во реката качувајќи се на траект на терминалот Даулатдија, во градот Голанда, во централниот округ Рајбари.

Од автобусот се извлечени уште седум тела, со што бројот на жртви се искачи на 26, соопшти противпожарната служба.

Автобусот е извлечен од реката со помош на спасувачкиот брод „Хамза“, околу шест часа по неговото потонување.

Според надлежните, возилото потонало на длабочина од речиси 20 метри.

Меѓу извлечените тела од автобусот има пет деца и 13 жени.

Нуркачите исто така спасиле осум лица живи, се додава во соопштението.

Сепак, спасувачката операција била отежната поради дождот.

Луѓето кои се наоѓале во автобусот се враќале кон главниот град Дака по седумдневниот муслимански празник Рамазан бајрам.

Неколку тимови нуркачи сè уште вршат спасувачки операции.

Формирани се две групи за да се истражи инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.