Betül Yılmaz
16 Февруари 2025•Ажурирај: 17 Февруари 2025
РАМАЛА (АА) - Најмалку 13 Палестинци се повредени во напад на израелската армија за време на денешната рација во градот Наблус, на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека меѓу повредените има три деца и еден 60-годишен маж.
Очевидци изјавија дека воените сили упаднале во Стариот град Наблус рано утринава и опколиле куќи во подрачјето, по што отвориле оган.
Сѐ уште не се достапни информации за лицата што се наоѓале во куќите.
Нападот се случи во услови на зголемени тензии во северниот дел на окупираниот Западен Брег, каде што израелската армија започна воени операции во кои од 21 јануари досега се убиени најмалку 55 Палестинци, а илјадници се раселени.
Тензиите се зголемуваат низ окупираниот Западен Брег, каде што најмалку 915 Палестинци се убиени, а речиси 7.000 луѓе се повредени во нападите на израелската војска и илегалните доселеници од почетокот на израелската геноцидна војна во Газа на 7 октомври 2023 година.