Emel Öz
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку десет лица загинаа, а 31 се водат како исчезнати во поплавите во американската сојузна држава Тенеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Агенцијата за итни случаи на Тенеси (ТЕМА) се наведува дека обилните врнежи од дожд предизвикале поплави во многу делови на државата.
Шефот на полицијата во Хамфрис, Крис Дејвис, изјави дека 10 лица, меѓу кои две деца, смртно настрадале и дека тимовите продолжуваат со потрагата по 31 исчезнато лице.
Од Агенцијата за итни случаи на Тенеси додадоа дека сообраќајот на тоа подрачје е во прекин, и дека има прекин и во снабдувањето со електрична енергија.
На подрачјето погодено со поплавите испратени се хеликоптери и тимови за помош.