Ahmed Asmar
03 Септември 2024•Ажурирај: 04 Септември 2024
АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Началникот на копнените сили на израелската Армија, Тамир Јадаи, поднесе оставка од лични причини, јавува Анадолу.
Во соопштението на Армијата не се дадени дополнителни детали за оставката на Јадаи, која следeше откако тој помина три години на својата позиција.
Според израелското армиско радио, Јадаи се очекува да се кандидира за важни позиции во Армијата.
Неговата оставка се случи во време на продолжувањето на израелската разорна офанзива на Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година загинаа речиси 40.800 луѓе, главно жени и деца, а повеќе од 94.200 беа повредени.