Ömer Tuğrul Çam
26 Септември 2022•Ажурирај: 27 Септември 2022
БРИСЕЛ (АА) – НАТО спроведува воздушна вежба во Балтичкото Море со учество на земјите од НАТО, меѓу кои и Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на НАТО, со учество на Унгарија, Германија, Чешка, Италија, Туркије, Велика Британија, Естонија, Латвија и Литванија и партнерот Финска, НАТО на 26 и 27 септември на Балтикот изведува воздушна вежба наречена „Ramstein Alloy“.
Во вежбата воздушните сили на сојузничките земји спроведуваат летови за брз одговор, а ќе има и вежби за пресретнување, пребарување и спасување, воздушна борба, блиска воздушна поддршка и полнење гориво воздух-воздух.
Меѓу другото, во вежбата, која годинава се одржа по трет пат, вклучени се и воздушни и копнени интегрирани системи за воздушна и ракетна одбрана.
Во овој контекст, шпанските системи за воздушна одбрана НАСАМС ќе се користат во сценариото подготвено за одбрана на воздухопловната база „Лиелварде“ во Латвија од воздушни напади. Така, ќе се учат тактики, техники и процедури за воздушна и копнена интеграција.
На вежбата вклучени се повеќе од 20 воени авиони, авиони за поддршка, авиони за рано предупредување на НАТО и национални командни и контролни центри.