Yusuf Hatip
06 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - НАТО го потпиша Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата одржана во седиштето на НАТО во Брисел, Протоколот во име на Македонија го потпиша шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На церемонијата беа присутни генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и постојаните претставници на 29 сојузници на Алијансата.
„Членството на Македонија ќе ја зголеми безбедноста во Западен Балкан“
Иванов го поздрави потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО
Заев: „Обезбедивме трајна стабилност, рамо до рамо со нашите сојузници од НАТО“
Мета: Со Македонија во НАТО се зголемува регионалната безбедност и стабилност
Столтенберг на Димитров му го подари пенкалото кое беше користено за потпишување на Протоколот од страна на сите постојани претставници. За започнување на членството на Македонија, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на земјите членки на НАТО, и да се комплетираат одредени официјални процеси.
Во овој период, Македонија ќе биде поканета да учествува на состаноците на НАТО. Од друга страна, според Договорот од Преспа потпишан меѓу Македонија и Грција, со кој се надмина 28-годишниот спор за името со Грција, името на Македонија официјално ќе се смени во Република Северна Македонија, откако Протоколот за пристапување ќе биде потпишан од страна на Атина, и ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.
На самитот во Брисел одржан минатата година, НАТО испрати покана за членство на Македонија.
- Историски момент
Столтенберг во својот говор пред церемонијата за потпишување на Протоколот за пристапување го опиша тој момент како историски момент.
„Долго време очекувавме вие да ни се вклучите во семејството“, истакна Столтенберг.
Министерот за надворешни работи на Македонија, Димитров, во своето обраќање упати благодарност до премиерот на Македонија, Зоран Заев, и до премиерот на Грција, Алексис Ципрас, поради нивните напори за решавање на спорот за името.