Selen Temizer
19 Јули 2021•Ажурирај: 21 Јули 2021
БРИСЕЛ (АА) - Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ги осуди киберактивностите на Кина, што се со цел нанесување штета на евроатлантската безбедност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ја осудуваме злонамерната киберактивност осмислена да ја дестабилизира и да ѝ наштети на евроатлантската безбедност и да го наруши секојдневниот живот на нашите граѓани“, се наведува во соопштението на НАТО.
Нагласувајќи ја одлучноста на НАТО да ги одврати и сузбие киберзаканите, се истакнува дека таквите активности ја нарушуваат безбедноста и стабилноста на киберпросторот:
„Ние ги поздравуваме изјавите на сојузниците како што се Канада, Велика Британија и САД кои одговорноста за хакирањето на серверот Мајкрософт ексчејнџ ѝ ја припишуваат на Кина.“
Сите држави, вклучувајќи ја Кина, ги повикаа да се придржуваат на меѓународните обврски во киберпросторот.
Нагласена е исто така подготвеноста за одржување конструктивен дијалог со Кина.
Европската Унија исто така упати соопштение, повикувајќи ја Кина да преземе мерки против злонамерните киберактивности од нејзина територија, и најостро ги осуди споменатите активности.