Zafer Fatih Beyaz
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наредната недела за време на посетата на Москва ќе се состане со неговиот руски колега, Владимир Путин. Тоа ќе биде трета тет-а-тет средба во првите четири месеци од оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на 8 април ќе отпатува во Москва за да присуствува на отворањето на Годината на култура и туризам на Турција и Русија, како и на состанокот на Турско-рускиот совет за висока соработка (UDIK).
Турскиот претседател за време на посетата на Москва на 23 јануари се состана со Путин и тогаш беа одржани состаноци на делегациите на кои присуствуваа министрите на двете земји. Разговарано е за билатералните односи, глобалните и регионалните прашања, а една од главните теми беше ситуацијата во Сирија.
Втората посета на Ердоган на Русија оваа година беше организирана на 14 февруари, кога турскиот претседател присуствуваше на четвртиот Трилатерален самит за Сирија одржан во Сочи. На самитот на кој присуствуваа и Путин и претседателот на Иран, Хасан Рохани, беше разговарано за начините на постигнување решение за сириското прашање.
Путин и Ердоган во 2018 година се состанаа седум пати, а телефонски разговараа 18 пати.