Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Said İbicioğlu
03 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
РИЈАД (АА) - Противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија сруши две беспилотни летала во јужниот дел на земјата, а при падот од остатоците се повредени најмалку пет лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Саудиските воздушни сили, Турки ал Малики, соопшти дека непријателските дронови биле срушени синоќа во пограничниот град Хамис Мушаит, а дека станува збор за летала на јеменското бунтовничко движење на Хусите.
Саудиската новинска агенција (SPA) јавува дека при падот од остатоците на дроновите биле повредени најмалку пет цивили, вклучувајќи и едно дете.
Јемен е средиште на судирите помеѓу Хусите и владините сили. Хусите од септември 2014 година ја презедоа контролата врз главниот град Сана и некои други региони. Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат Владата на Јемен против Хусите.