Ekipa
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
ЏЕДА (АА) - Два балистички проектила лансирани од териториите на Јемен во Саудиска Арабија, биле уништени во воздух, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудискиот телевизиски канал „Ел Арабија“ објави видеоснимки од уништувањето на проектилите, чијашто цел биле градовите Мека и Џеда, од страна на воздушните одбранбени сили на оваа земја.
Се вели дека еден од проектилите бил уништен над Џеда, додека другиот над градот Таиф.
Во веста не се дадени дополнителни информации, а се вели оти надлежните органи ќе излезат со официјално соопштение во врска со случајот.
Од 26 март 2015 година, кога коалициските сили под водство на Саудиска Арабија започнаа воена операција во Јемен со цел поддршка за јеменската легитимна администрација, Хусите често вршат воздушни напади во различни подрачја во Саудиска Арабија.
Проектилите лансирани од териториите на Јемен, претежно се неутрализираат од страна на Воздушните одбранбени сили на Саудиска Арабија.