Muhammet Nazım Taşçı
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
АНКАРА
Во индиската држава Чатисгар маж загина од напад на слон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во индиската новинска агеција „Прес траст оф Индија“ (Press Trust of India), власта соопштила дека во шумскиот предел сместен во близина на подрачјето Корба, слон нападнал човек кој со останатите соселани одел кон полињата со зеленчук.
Во нападот слонот го убил 61-годишниот Будваро Баи, фрлајќи го на земја.
Претставниците на власта изјавија дека по завршувањето на формалните процедури, на семејството на починатиот ќе му исплатат 600.000 рупии (приближно 7.600 евра).