свет

Назначувањето на претставникот на Трамп за Гренланд го враќа фокусот на арктичките трговски маршрути

- Поморските маршрути што се отвораат како последица на глобалното затоплување сè почесто се разгледуваат како алтернатива на традиционалните правци, како Суецкиот и Панамскиот Канал. САД, Русија и Кина внимателно ги следат овие можности.

Emirhan Yılmaz  | 26.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Назначувањето на претставникот на Трамп за Гренланд го враќа фокусот на арктичките трговски маршрути

ИСТАНБУЛ (AA) – Неодамнешното назначување на гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за специјален претставник за автономната данска територија Гренланд повторно го стави прашањето за арктичките трговски маршрути во центарот на вниманието, јавува Анадолу.

Според Белата куќа, потегот има цел да ги зајакне безбедноста и економската соработка во регионот. Данските претставници и Европската Унија, пак, реагираа дека прашањето се однесува на неповредливоста на границите и најавија внимателно следење на развојот.

Гренланд има клучно значење за американскиот систем за рано предупредување од балистички ракети против потенцијални закани од Русија и други држави, но и поради богатите природни ресурси што би можеле да станат подостапни со топењето на глечерите.

Поморските маршрути што се отвораат како последица на глобалното затоплување сè почесто се разгледуваат како алтернатива на традиционалните правци, како Суецкиот и Панамскиот Канал. САД, Русија и Кина внимателно ги следат овие можности.

Според Арктичкиот совет, меѓувладина платформа за соработка во Арктикот, поморскиот транспорт во регионот значително се зголемил последниве години, отворајќи нови полиња за конкуренција.

Сепак, логистичките предизвици – екстремни температурни промени, ледени услови и недоволна инфраструктура – ги прават овие маршрути тешки за користење. Експертите предупредуваат дека и покрај економскиот потенцијал, потребни се сериозни инвестиции и меѓународна соработка за долгорочна одржливост и безбедност.

Рико Луман, виш секторски економист за транспорт и логистика во групацијата ИНГ, за Анадолу изјави дека Гренланд би можел да стане поврзувачка точка за северната морска маршрута.

Тој посочи дека се зголемува бројот на бродови што ја користат маршрутата во насока исток–запад, но остануваат голем број пречки: маршрутата не е погодна за целогодишна употреба, поради подвижниот мраз потребни се зајакнати трупови на бродовите, а често се неопходни и мразокршачи. Дополнителен ризик, според него, е фактот дека северната морска маршрута минува низ руска територија, што носи геополитичка неизвесност.

Луман истакна дека во иднина климатските промени можат да ги подобрат условите, но во блиска перспектива овие маршрути нема да играат клучна улога поради недостигот од посредни пристаништа за итни застанувања, како и поради еколошката загриженост.

Луман истакна дека НСР го намалува растојанието помеѓу Азија и Европа за околу 8.000 километри (речиси 5.000 милји), што може да резултира со заштеди во многу производи, како што се горивата, но остануваат ограничувањата и ризиците.

Тој изјави дека додека маршрутата на Суецкиот Канал се отвора повторно, осигурувањето на превозот ќе биде од големо значење, а враќањето на Суецкиот Канал би можело да донесе зголемен капацитет на почетокот на 2026 година бидејќи има многу нови бродови што влегуваат во бизнисот со контејнерски превоз и поради овој притисок потребна е евалуација за дополнително зголемување на сегашниот вишок капацитет.

Тој заклучи дека, иако се зголемува интересот на САД, Русија и Кина за Арктикот, реалните активности сè уште се ограничени. Бројот на пловидби се зголемува – предводени главно од кинески превозници – но уделот на маршрутата останува мал.

Стратегиската вредност на Гренланд, според Луман, треба да се согледува и како извор на суровини бидејќи островот располага со значајни минерални резерви што би можеле да се откријат.

Тој додаде дека иако маршрутата има смисла за превозниците на големо, поради малата популација и недостигот од развиени копнени подрачја, можеби нема нуди многу можности за превозниците на контејнери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.