Mahmoud Barakat
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
АНКАРА (АА) - Според НВО со седиште во Велика Британија, најмалку 876 цивили беа убиени минатиот месец во Сирија, поголемиот дел од страна на режимот на Асад и од неговите сојузници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новиот извештај од страна на Сириската мрежа за човекови права, 471 лице, вклучувајќи 79 деца и 55 жени во февруари загинаа во нападите изведени од страна на силите на режимот, сојузните терористички групи и руските авиони во различни делови од земјата.
„Осумнаесет цивили беа измачувани до смрт од страна на силите на режимот“, се тврди во извештајот на НВО.
Во извештајот се наведува дека околу 180 цивили загинале во нападите спроведени од страна на терористичката група ДЕАШ, додека 118 други ги загубиле своите животи во напади извршени од страна на меѓународната коалицијата предводена од САД.
„Шеснаесет лица загинаа во напади од страна на вооружените сириски опозициски групи, додека седум други ги загубија своите животи во напади од страна на таканаречените сириски демократски сили, кои се огранок на терористичката група ПКК/ПЈД“, се вели во извештајот.
Шеесет и шест цивили загинаа во напади од непознати страни, се вели во извештајот.
Кон крајот на јануари, претставниците на сириската опозиција и режимот се состанаа во Астана за да дискутираат за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство од страна на Турција и Русија, кој стапи на сила во декември минатата година.
Во меѓувреме, од минатата недела се оддржуват преговорите во Женева со посредство на ОН.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони се раселени.