свет

Над 80 загинати во поплавите во Индонезија

Џосеф Нае Сои, заменик гувернерот на источна Нуса Тенгара за АА изјави дека 18 лица загинале во подрачјето на Лембата, 60 други заги

Ekipa  | 05.04.2021 - Обновена : 06.04.2021
Над 80 загинати во поплавите во Индонезија

ЏАКАРТА (АА) - Над 80 лица загинаа по поплавите и свлечиштата кои ја зафатија покраината источна Нуса Тенгара во јужна Индонезија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Џосеф Нае Сои, заменик гувернерот на источна Нуса Тенгара за АА изјави дека 18 лица загинале во подрачјето на Лембата, 60 други загинале во источен Флорес, додека 100 сè уште се водат како исчезнати.

„Сè уште не знаеме за нив [оние кои се исчезнати] дали се засолниле кај роднини или се затрупани“, изјави Сои, додавајќи дека бројката на загинати лица се очекува да биде во пораст, при што напорите за евакуација се во тек.

Поплави и свлечишта предизвикани од тропскиот циклон „Сероџа“ ја погодија јужната индонезиска покраина по полноќ, и околните места.

Сои истакна дека градот Купанг бил зафатен од поплавите и дека брод закотвен во пристаништето потонал поради големите бранови.

„Досега нема извештаи за жртви во градот Купанд“, изјави тој телефонски.

Во меѓувреме, Националната агенција за управување со катастрофи на Индонезија соопшти дека најмалку 475 семејства се погодени, а 165 лица се раселени во Источна Сумба од поплавите, кои зафатија четири подобласти.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG) соопшти дека опасноста од екстремни временски услови во подрачјето ќе остане до 9 април.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın