Emel Öz
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
АНКАРА
Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 5.016.880 лица во светот починаа од последици што ги предизвикува овој вирус.
Најмногу смртни случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде починаа 766.299 лица.
По САД следуваат Бразил (607.860), Индија (458.470), Мексико (288.365), Русија (239.693), Перу (200.246), Индонезија (143.405), Велика Британија (140.632), Италија (132.100), Колумбија (127.281), Иран (126.303), Франција (117.683) и Аргентина со (115.950).
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во светот изнесува 247.547.087, од кои оздравеа 224.196.004 лица.
Во моментов 18.334.203 активни случаи на заразеност со овој вирус сѐ уште се наоѓаат во процес на лекување.