Над 200 затвореници избегаа од затвор во Пакистан откако земјотрес ги оштети ѕидовите
- Инцидентот се случил доцна синоќа кога затворениците избегале низ ѕидовите на затворот „Малир“, кој бил оштетен од повеќекратни потреси со низок интензитет во неделата, изјави генералниот инспектор на полицијата во Синд, Гулам Наби Мемон.

ИСЛАМАБАД (АА) - Над 200 затвореници избегаа од затвор во јужниот пристаништен град Карачи откако земјотрес ги оштети затворските ѕидови, објави денес локален официјален претставник, јавува Анадолу.
Инцидентот се случил доцна синоќа кога затворениците избегале низ ѕидовите на затворот „Малир“, кој бил оштетен од повеќекратни потреси со низок интензитет во областа во неделата, изјави генералниот инспектор на полицијата во Синд, Гулам Наби Мемон, за локалниот весник „Даун“.
Тој додаде дека полицијата веќе започнала операции за фаќање на 216 затвореници, а досега се приведени 78.
Мемон додаде дека е во тек потрага по уште 138 затвореници.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.