Adam Abu-bashal
25 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
АБУЏА (АА) - Повеќе од 150.000 деца во западноафриканската држава Нигерија живеат со вирусот на хумана имунодефициенција, познат како ХИВ, соопштија властите денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Гамбо Алију, шефот на нигериската Национална агенција за контрола на СИДА (NACA), земјата во последните неколку години постигна значаен напредок во борбата против ХИВ/СИДА.
Меѓутоа, изјави дека само 80.000 деца од 150.000 се на редовно лекување.
„Речиси 1,8 милиони луѓе во Нигерија живеат со ХИВ, при што 90 отсто од нив се свесни за својот ХИВ-статус, а 96 отсто се на лекување“, изјави Алију.
Истакнувајќи дека Национална агенција за контрола на СИДА ќе продолжи со кампањата против ХИВ/СИДА, Алију ја повика јавноста да се тестира на вирусот.