свет

Ахмед Насер ал Раиси избран за нов претседател на Интерпол

Ал Раиси ќе ја извршува функцијата претседател наредите четири години

Uğur İslamoğlu  | 25.11.2021 - Обновена : 26.11.2021
Ахмед Насер ал Раиси избран за нов претседател на Интерпол

ИСТАНБУЛ (АА) - Ахмед Насер ал Раиси од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е избран за претседател на Меѓународната полициска организација (Интерпол), пренесува Агенција Анадолија (АА).

На третиот ден од 89. Генерално собрание на Интерпол што се одржа во Конгресниот центар „Халич“, започна изборот на новиот претседател и членовите на Извршниот одбор.

По гласањето, за нов претседател на Интерпол е избран Ахмед Насер ал Раиси од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во изјавата дадена на официјалниот твитер-профил на Интерпол е истакнато дека Ал Раиси ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател четири години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.