Ekipa
23 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
МОСКВА
Рускиот опозиционер Алексеј Навални и неговиот тим тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин изградил палата покрај брегот на Црното Море во вредност од 1,4 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
На „Јутјуб" (Youtube) каналот на Алексеј Навални објавено е видео под насловот „Палата за Путин: Историја на најголемиот поткуп“, кое бележи 70 милиони прегледи.
Во видеото е истакнато дека станува збор за палата која е најскапа во светот и дека буџетот доделен за изградба на палатата е подмирен со „поткуп кој го примил Путин“.
Гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли ваквите наводи порачувајќи: „Путин нема таква палата. Тој нема ниту една палата.“
Навални, кој со авион од рускиот град Томск тргна кон Москва на 20 август 2020 година му се слоши за време на летот поради што авионот слетал во Омск, каде е и хоспитализиран. Потоа се појави информацијата дека е отруен со супстанцата која му е ставена во чај.
Од Омск е префрлен во Берлин. По лекувањето во главниот град на Германија, Навални на почетокот на неделата, по доаѓањето во Москва, беше уапсен на аеродромот.