свет

На Филипини се одржаа демонстрации против корупцијата

Протестот се одржа во екот на јавното незадоволство поради наводните злоупотреби во инфраструктурните проекти за контрола на поплави вредни повеќе од 9 милијарди долари

Aida Cako  | 21.10.2025 - Обновена : 21.10.2025
На Филипини се одржаа демонстрации против корупцијата Фото: Daniel Ceng/AA

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Манила, главниот град на Филипините, во знак на протест поради корупцијата за време на администрацијата на претседателот Фердинанд Маркос Џуниор, јавува Анадолу.

Протестот се одржа во екот на јавното незадоволство поради наводните злоупотреби во инфраструктурните проекти за контрола на поплави вредни повеќе од 9 милијарди долари.

Протестот се претвори во симбол на новиот бран антикорупциски движења во Југоисточна Азија, предводени од млади луѓе.

Поголем дел од демонстрантите беа припадници на генерацијата Ген-З, кои носеа знамиња инспирирани од јапонската аниме „One Piece“, како дел од глобалниот тренд на протести на младите поради владините злоупотреби, какви што неодамна се одржаа и во Непал и Индонезија.

Полициските сили беа распоредени околу барикадите, а демонстрантите поставуваа транспаренти со пораки против корупцијата и повици за одговорност на властите. Според локалните медиуми, протестите се одвиваа мирно, но со силно полициско обезбедување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.