Muhammet Kurşun
12 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Во иранската покраина Систан и Белуџистан, на границата со Пакистан, запленети се над 2,6 тони дрога, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на Систан и Белуџистан, Мухамед Канбери, за државните медиуми изјави дека во акцијата спроведена синоќа во Сераван запленети се 2 тона и 206 килограми дрога.
Канбери рече дека членовите на бандата се обиделе да влезат во судир со припадниците на безбедносните сили, но дека се фатени за кратко време.
Иранските безбедносни сили често доаѓаат во судир со криумчарите на дрога кои преминуваат преку границата со Авганистан и Пакистан.