свет

Муцунски во Париз на работна средба со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро

– Средбата се одржа во рамки на работната посета на шефот на македонската дипломатија на Франција и беше фокусирана на унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, со акцент на политичката и економската соработка помеѓу двете земји.

Aida Cako  | 05.06.2025 - Обновена : 05.06.2025
Муцунски во Париз на работна средба со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро Фото: МНР на Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Париз оствари работна средба со министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро, јавува Анадолу.

Средбата се одржа во рамки на работната посета на шефот на македонската дипломатија на Франција и беше фокусирана на унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, со акцент на политичката и економската соработка помеѓу двете земји.

Беше истакнато заедничкото залагање за унапредување на партнерствата помеѓу владите и бизнис-заедниците на двете земји.

Министерот Муцунски упати искрена благодарност за брзата и принципиелна поддршка од Франција по трагедијата во Кочани, како и за доследната и силна поддршка од француската Влада за европската интеграција на Северна Македонија.

Франција, како долгогодишен стратешки партнер на Северна Македонија, изрази подготвеност да продолжи да ја поддржува Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и работна средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Хадад.

Разговорите беа фокусирани на тековниот напредок на Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ, актуелната политичка состојба во регионот, како и на значењето на придонесот на Северна Македонија кон регионалната стабилност и соработка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.