Ekip
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
КОКС БАЗАР (AA) - Рогинџа муслиманите бегајќи од насилство кое се врши над нив, засолниште најдоа во Кокс Базар во местото Гумдум, во близина на бангладешко-мјанмарската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Со оглед дека беа приморани да ги напуштат своите домови, се сместија на границата каде секој ден се соочуваат со тешки животни услови. Жвеат во шатори, а без обувки минуваат и преку бодликавата жица. Илјадници муслимани бегајќи од масакарот кој се врши над нив, успеа да дојдат до Бангладеш.
Мјанмарската војска и будистичките монаси веќе долга низа години вршат насилство над муслиманите во Аракан, во близина на границата со Бангладеш.
Многу организации за заштита на човекови права, меѓу кои и „Amnesty Internactional“ (Амнести интернешнал) масакрите во Аракан ги нарекуваат геноцид.
Портпаролката на Европскиот совет за Рохинџа (ERC) Анита Шуг, вчера изјави дека припадниците на војската во последните три дена умсртиле меѓу две и три илјади муслимани.
Според официјалните податоци и извештаи на Обединетите нации, Рохинџа муслиманите се најзагрозеното национално малцинство во светот.
Рохинџа муслиманите немаат своја држава и нивните права се значително ограничени.