Bojana Stojanovic
06 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
КИШИЊЕВ
Во главниот град на Молдавија денес се одржува протест од кој демонстрантите упатија барање за оставка на Владата и за одржување предвремени парламентарни избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите излегоа на улиците на Кишињев за да го изразат своето незадоволство од законот што предвидува намалување на овластувањата на претседателот на Молдавија, а кој е усвоен во Парламентот, поради што меѓу учесниците на протестот се најде и новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду.
На улиците се распоредени бројни полициски сили, а сите носат заштитни маски, бидејќи протестот се одвива во ек на пандемијата на коронавирусот.
Новиот закон усвоен во Парламентот ја пренесува контролата над службите за безбедност на Парламентот, а и на денот на усвојувањето на законот е одржан протест со повеќе од 1.000 демонстранти, кои ѝ дадоа поддршка на Санду, новоизбраната претседателка на Молдавија.