Aynur Ekiz
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
АНКАРА (АА) – Министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар и грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис се состанаа во седиштето на НАТО во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Турција се наведува дека Акар и Апостолакис разговарале за односите на двете земји.
Изразиле задоволство од неодамнешните состаноци на делегациите на Турција и Грција во Атина со цел јакнење на соработката во Егејското море.
Истакнаа дека е многу важно таквите состаноци да бидат продолжени и во иднина со цел јакнење на добрососедските врски.
Турскиот министер за одбрана изјави дека е клучно да се избегнвуаат било какви провокативни постапки и изјави, напоменувајќи дека Турција нема да се откаже од националните права и интереси во Егејско море и Медитеранот.