Elena Teslova
21 Октомври 2022•Ажурирај: 22 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Министрите за одбрана на Руската Федерација и на Соединетите Американски Држави (САД), Сергеј Шојгу и Лојд Остин, денеска имаа телефонски разговор за безбедносната состојба во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Шојгу и Остин разговарале за повеќе меѓународни теми, вклучително и за ситуацијата во Украина.
Во соопштението не се откриени повеќе детали за разговорот, а од Пентагон сѐ уште нема информации за разговорот.