Qais Omar Darwesh Omar,Mahmut Geldi
11 Октомври 2023•Ажурирај: 13 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Жени и деца се 60% од погодените во израелските напади врз Појасот Газа кој е под блокада, јавува Анадолу.
Информацијата во изјава за Анадолу ја потврди Јусуф Ебу ер-Риш, палестински заменик-министер за здравство во Појасот Газа.
Тој рече дека сите легла во болниците кои се наоѓаат во Газа се полни, и дека лековите и медицинските материјали се при крај.
„60 отсто од погодените во бомбардирањата кои Израел ги продолжува во Појасот Газа, се жени и деца“, нагласи Ебу ер-Риш.