Dmitri Chirciu
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
МОСКВА (АА) - Министерство за одбрана на Русија соопшти дека во последните 24 часа во Украина се уништени 137 воени инфраструктурни објекти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство, во изјава дадена во Москва истакна дека руските вооружени сили и сепаратистичката администрација во Донбас продолжуваат да напредуваат во Украина и да преземаат контрола над населените места.
Истакнувајќи дека руската армија продолжува со нападите врз воените инфраструктурни објекти во Украина, Конашенков рече: „Во авионските напади во Украина се уништени 137 воени инфраструктурни објекти во последните 24 часа.“
„Досега се уништени 230 беспилотни летала, 181 ракетни фрлачи, 1.528 тенкови и разни оклопни возила, 154 противвоздушни ракетни системи, 602 хаубици и минофрлачи и 1.312 специјални воени возила на украинската армија“, нагласи портпаролот Конашенков.