Ruslan Rehimov
26 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека Војската на Ерменија го прекршила примирјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ова министерство се наведува дека ерменската Војска во периодот од 24 до 26 мај во одредени интервали од позициите во Гегаркуник отворила оган кон позициите на азербејџанската Војска во Келбеџер и Гедебеј.
Се истакнува дека од ерменската страна со цел провокација е отворен оган и кон азербејџанските позиции во околината на Шуша.
Според соопштеното, азербејџанската Војска не возвратила и нема жртви.