Halit Süleyman
27 Февруари 2016•Ажурирај: 29 Февруари 2016
АНКАРА/АЛЕПО (AA) – Иако договорот на САД и Русија за примирје во Сирија стапи на сила синоќа на полноќ, силите на Асадовиот режим продолжија со нападите на опозицијата во Алепо, Хомс, Дери, Хама и Латакија. По полноќ немаше напади на руските воздушни сили, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, силите на Асадовиот режим кои ги поддржува Хезболах, по полноќ изведоа напади на предградието на Хомс, Телбисе, местото Јадудуе во близина на градот Дере, како и на неколку предградја на Дамаск и Хама.
Асадовите сили продолжија со нападите на регионот Туркмендаг, порочно на селото Келез и Кераманли, кои се наоѓаат североисточно од сирискиот град Латакија.
- Судирите на ДАЕШ и ПЈД -
По полноќ дојде до жестоки судити северно од Ракa помеѓу терористите на ДАЕШ и ПЈД, огранокот на терористичката организација ПКК во Сирија.
Руските авиони само неколку минути пред да стапи на сила примирјето, ги бомбардиаа селата Кафр и Хамра, северно од Алепо. Во овие напади загинаа најмалку 10 лица. По стапувањето на примирјето не е забележан ниту еден напад на руските авиони во Сирија.
Во Женева синоќа во вечерните часови одржан е состанок на Меѓународната група за поддршка на Сирија со цел постигнување на примирје во Сирија. Со состанокот претседаваа САД и Русија, а главна тема на разоворите беа условите под кои би требале да бидат запрени судирите.
Советот на безбедност на ОН едногласно во петок го прифати нацртот на резолуцијата со која се поддржува најавеното зпирање на судирите во Сирија.
Потсетуваме, САД и Русија во понеделник постигнаа договор за примирје во Сирија кое стапи на сила синоќа на полноќ. Се наведува дека примирјето не се однесува на терористичката организација ДАЕШ и Фронтот Нусра огранокот на Ал-Каеда во Сирија.
Овој договор е последен во низа дипломатски наподи за да се запре граѓанската војна во Сирија која трае пет години. Војната во Сирија започна на пролет 2011 година, кога се судрија режимските сили на претседателот на Башар Ал-Асад и бунтовниците кои сакаа да го симнат од власт.