Qais Omar Darwesh Omar,Esat Fırat
03 Април 2024•Ажурирај: 04 Април 2024
РАМАЛА (АА) - Палестинското Министерство за образование соопшти дека од 7 октомври, кога почнаа израелските напади на Појасот Газа и на Западниот Брег, загинале 6.050 палестински ученици, а 10.219 се повредени, јавува Анадолу.
Во Појасот Газа загинаа 5.994 ученици, на Западниот Брег 56, додека во Појасот Газа се повредени 9.890 ученици, а на Западниот Брег 329.
Во соопштението се наведува дека израелските војници во истиот период привеле 105 студенти на Западниот Брег.
Исто така, во истиот период во Појасот Газа загинаа 266 просветни работници, а повредени се 973. На Западниот Брег шест просветни работници се повредени, а 73 се приведени.
Во соопштението се наведува дека израелската Армија бомбардирала 351 училиште во Појасот Газа, од кои 286 државни, а 65 се поврзани со Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), од кои 40 се целосно уништени.
Во истиот период израелските војници нападнаа и оштетија 57 училишта на Западниот Брег.