Burak Bir
04 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија се соочува со „ураган“ на масовна миграција, изјави министерката за внатрешни работи, Суела Брејвермен, јавува Анадолу.
„Ветерот на промени што ги донесе моите родители од другата страна на светот во 20. век е неспоредлив со ураганот што доаѓа“, истакна Браверман на конференцијата на Конзервативната партија во Манчестер.
Истакнувајќи дека секој има право да се стреми кон подобар живот, таа рече дека никој не може „да негира дека има многу, многу повеќе луѓе“ кои би сакале да се преселат во Велика Британија „отколку што може да се примат“.
„Оваа земја беше дарежлива при прифаќањето бегалци од Авганистан, од Украина, од Сирија, од Хонгконг“, изјави Браверман.
Британскиот народ „беше јасен“, дека имиграцијата и онака „веќе е превисока“, рече таа.
„Тој знае уште една работа дека иднината би можела да донесе дополнителни милиони мигранти на бреговите, без контрола, освен ако Владата што ќе ја изберат следната година не дејствува решително да го спречи тоа“, додаде Брејвермен.
Таа истакна дека политичарите се „премногу бавни“ во препознавањето на димензијата на проблемот и „не се подготвени“ да прифатат дека правната рамка треба да се промени.
„Не можам да се преправам и да кажам дека политичарите направиле одлична работа во менаџирањето со имиграцијата во последните 30 години“, смета таа.
Таа, исто така, напомена дека премините со мали бродови во Велика Британија се намалени за 20 отсто во споредба со минатата година.
Според официјалните податоци, рекордни 45.756 мигранти го преминале Ла Манш кон Велика Британија во 2022 година.