Emel Öz Gözellik
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Мигрантот од Мали, Мамуд Гасам, кој со херојски чин спаси четиригодишно дете во Париз доби француски орден за храброст, државјанство и работа како пожарникар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гасам минатиот викенд преку фасадата се качи на балкон на четирикатница во Париз и спаси дете кое висело од балкон. Аматерската снимка објавена на социјалните мрежи стана вирален хит. На снимката се гледа како млад африкански имигрант му помага на детето во несреќа.
Први овации му дадоа минувачите кои го гледаа неговиот херојски чин, а потоа јавно го пофали и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.
Следуваше и прием во Елисејската палата за време на кој на Гасам јавно му се заблагодари и претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Макрон најави дека на Гасам ќе му даде француско државјанство и дека како пожарникар ќе работи со орден за храброст.
Гасам изјави дека ѝ се доближил на групата луѓе кои се собрале пред зградата и дека без размислување тргнал во акција за спасување на детето.
„Не размислував бидејќи се работеше за дете на кое му беше потребна помош“, изјави Гасам.