Ekip
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
АНКАРА (AA) - Anadolu Agency (AA) ја обнови соработката со новинската агенција од Куба, „Пренса Латина“ (Prensa Latina), а раководствата на агенциите во наредниот период ќе работат на додатно интензивирање на соработката.
На маргините на Меѓународниот економски форум во рускиот Ст. Петерсбург, заменикот на генералниот директор и главен уредник на AA, Мутаноглу, се состана со директорот на „Пренса Латина“, Луис Енрике Гонзалес Акоста.
Мутаноглу и Акоста потпишаа нов договор за соработка кој предвидува размена на вести на шпански, англиски, руски и француски јазик и ограничена размена на видео и фотоматеријали.
Потсетувајќи дека AA од минатата година произведува вести и на шпански јазик, Мутаноглу рече дека агенцијата на медиумите им сервира вести на тој јазик од Латинска Америка.
Седиштето на сервисот на AA за вестите на шпански јазик е отворено во колумбискиот главен град Богота, а Мутаноглу рече дека тоа е показател за решителноста на Турција да ги интензивира односите со земјите од Латинска Америка.
Тој рече дека соработката на АА и „Пренса Латина“ ќе придонесе кон унапредување на односите помеѓу Турција и Куба и ќе го унапреди протокот на вести од Латинска Америка во остатокот од светот.