Ahmet Gürhan Kartal
15 Мај 2019•Ажурирај: 16 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - „Британската премиерка, Тереза Меј, повторно ќе го претстави нејзиниот договор за излегување од Европската Унија во Долниот дом на британскиот Парламент на почетокот на следниот месец“, се вели во соопштението на Владата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Премиерката оствари средба со лидерот на опозицијата во Долниот дом со цел изразување на нашата јасна одлучност за привршување на преговорите“, се вели во соопштението.
„Потоа, ние ќе го презентираме нацрт-договорот за повлекување во неделата почнувајќи од 3 јуни“, рече таа.
„Тоа е императив за реализација доколку Велика Британија сака да ја напушти ЕУ пред летната пауза на Парламентот“.
Обидот на Меј во врска со договорот, кој беше трипати одбиен од страна на пратениците, доаѓа по неколку неделни преговори со Лабуристичката партија за Брегзит.
Опишувајќи ги разговорите меѓу Меј и лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, како корисни и конструктивни, во соопштението се додава дека тие ќе продолжат и во текот на денешниот ден со цел обезбедување стабилно мнозинство во Парламентот, кое ќе осигура безбедно поминување на договорот и брзо излегување на Велика Британија од ЕУ.
Меј не успеа да обезбеди мнозинство за поддршка на нејзиниот договор во Долниот дом и беше принудена од ЕУ да побара второ продолжување за Брегзит.
Во последното продолжување, ЕУ истакна дека излегувањето на Велика Британија од Унијата ќе се случи на 31 октомври, но тоа би можело да се случи и пред тој датум ако британскиот Парламент го одобри договорот за повлекување.
Граѓаните на Обединетото Кралство одлучија да ја напуштат ЕУ на референдумот одржан во јуни 2016 година, по повеќе од 40-годишно членство во Блокот.