Tayfun Salcı
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Британската премиерка Тереза Меј смета дека е потребно да се добие гаранција за прекин на огнот, за Обединетите нации (ОН) да им помогнат на цивилите од Алепо да преминат на безбедно подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј допатува во Брисел за да присуствува на Самитот на ЕУ.
Таа изјави дека европските лидери ќе разговараат за значајни теми, меѓу кои и за ситуацијата во Сирија. Меј смета дека одговорните за масакрите во Алепо треба да се соочат со вината.
„Треба остро да го осудиме она што се случува во Сирија. Треба да преземеме сѐ што е во наша моќ за да добиеме гаранција за прекин на огнот, за ОН да може да им помогне на невините луѓе во Алепо да преминат на безбедни подрачја“, изјави Меј.
Таа изјави дека на самитот ќе биде разговарано и за друго значајно прашање, мигрантската криза.
„Го зборувам тоа од почетокот, Европјаните требаат да се занимаваат со причините што ги доведоа до криза“, потсети Меј.
Се истакнува дека треба да се спречи дејствувањето на мрежата трговци со луѓе и така да се спречат миграциите. Освен тоа, премиерката Меј смета дека е потребно да се вратат назад оние што во Европа стигнале по илегален пат.
Една од темите на состанокот ќе биде и Брегзит (излегувањето на Велика Британија од Европската Унија).