Erbil Başay
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека никој во Германија не треба да се чувствува изолиран или понижен поради својата религија или потекло, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел имаше свое обраќање на церемонијата за доделување на Награди за национална интеграција организирана во Берлин, каде укажа на расистичките напади во земјата.
Таа рече дека во Германија се случуваат голем број антисемитски и расистички случаи, и дека оваа состојба претставува вознемиреност кај лицата кои се новодојдени во Германија.
Меркел нагласи дека во случај секој кој живее во оваа земја, да ги почитува основните вредности, може да се заштити човечкото достоинство. „Во спротивно, не можеме да бидеме среќна земја“, додаде Меркел.
Според неа, нападот извршен минатиот месец во синагога во градот Зале го опиша како срамно за Германија.
„Никој не треба да се чувствува исклучуван или понижен поради својата религија или потекло“, рече таа.
Меркел истакна дека со Наградите на национална интеграција се привлекува внимание на работите реализирани во областа на интеграцијата, и дека лицата кои доаѓаат во Германија, со нивните способности даваат придонес во општеството.