Ekipa
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека санкциите против Русија, поради нејзината воена акција во Сирија, остануваат опција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел рече дека заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд ќе разговараат во врска со Сирија со рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на планираниот состанок за Украина, утре во Берлин, но предупреди дека не треба да се очекуваат чуда.
Двајцата лидери остро ја критикуваа поддршката на Русија кон силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
„Размислувањето дека не постои опција, вклучувајќи ги и санкциите, може да се тргне од масата во зависност од ситуацијата, но приоритет е да гледаме кон намалување на човечкото страдање на било кој начин, и тоа ќе биде тема на утрешните разговори“, рече Меркел.