Emre Aytekin
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
МЕКСИКО (АА) - Мексико со Орден на ацтечкиот орел ќе го одликува Џаред Кушнер, зетот и прв советник на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мексиканското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека на Кушнер ќе му го додели највисокиот орден кој таа земја го доделува на странци.
Во соопштението се наведува дека одлуката за одликување е донесена поради улогата на Кушнер во обновнувањето и позитивниот исход на преговорите за Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА).
Одликувањето на Кушнер предизвика бурни расправи во Мексико, каде што многумина не се среќни поради доделувањето на државниот орден на зетот на американскиот претседател Трамп, кој неретко го обвинува и вербално го напаѓа Мексико.
„Тоа е крајно понижувачко и кукавичко однесување“, напиша на Твитер истакнатиот мексикански интелектуалец и историчар Енрике Краузе.
Тој, исто така, напиша дека е неприфатливо Мексико да го одликува зетот на човекот кој Мексиканците ги нарекува убијци и силувачи.